Милица Павловиќ во тајност го прележа Ковид-19

Во приватноста на својот дом и семејство, без бомбастични натписи во медиумите пејачката Милица Павловиќ го прележала коронавирусот и сега е негативна на Ковид-19.

“Се изолирав, не правев некоја голема врева или маркетинг, ниту пак барав помош. Се хранев здраво и се заврши добро. Би им препорачала на сите да работат на својот имунитет, да пијат витамини Ц и Д, а и доста работи доаѓаат од главата, важна е психата. Да, јас прележав корона, но на целата ситуација гледав како на една посилна настинка и од првиот ден кога ми се качи температурата си реков: “Океј, ајде да го прележиме ова!”, така се програмирав во главата”, изјави Павловиќ.

Повеќе на Музика24...