Сенида, Шабан Шаулиќ, Александра Пријовиќ… наградени на МАС2020

На сцената на МАС2020 досега се појавија голем број на познати музички имиња, што од нив најавуваа категории и доделуваа награди, некои од нив добиваа награди, додека пак останатите сами ги пееја своите добро познати хитови. Награда на МАС2020 за најдобар рап-хип хоп артист му беше врачена на Смок, познат хип-хоп артист од Србија.

За неизбришлив траг во народната музика постхумно Саша Матиќ наградата му ја додели на Шабан Шаулиќ, најдобар меѓу најдобрите. Наградата ја подигна неговата ќерка Илда Шаулиќ која потоа ја отпеа препознатливата и добро позната хит песна, “Жал” токму од него.

Наградата за алтернативна поп песна од многуте номинирани меѓу кои и Дупер од Македонија, ја доби Бучке со песната “Нема љубав у клубу”.

МАС2020 за најдобра народна песна, според гласовите на публиката и фановите кои гласаа изминатиов период, ја прогласи песната “Богата сиротиња” која ја исполнува Александра Пријовиќ.

Наградата за најдобра треп песна од конкуренција на доста познати хит песни и изведувачи, меќу кои и македонската група ДНК со песната “Горе или долу”, ја освои и доби Сенида со песната “Мишичи”. Наградата ја додели Јелена Карлеуша.

Повеќе на Музика24...