Најголемиот хит на Дино Мерлин крие една тажна љубовна приказна (Видео)

Познатиот балкански пејач зад себе има милион хитови, но една песна која на повеќето им е добро позната крие тажна приказна зад себе. Станува збор за песната “Да шутиш”, песна чиј автор е Елдин Хусеинбеговиќ чија сопруга Емка имала се, сопруг кој ја сака, убавина…, но добила тешка болест, мултиплу склероза. Па така неговата посветеност кон неа било мотив да ги напише стиховите за песната која ја отпеа Дино Мерлин.

“На личноста која најмногу ја сакам не можев да и подарам чевли, бидејќи таа не оди. Ни книга, бидејќи не гледа, па дојдов на идејата на сопругата да и подарам песна. Мојата сопруга е слепа и во инвалидска количка, повторно да требаше да се женам би ја избрал неа”, рече неодамна авторот на песната Елдин Хусеинбеговиќ.

Во април 2013-та година неговата сопруга по долга и тешка болест починала, а стиховите на песната се уште се голем хит низ целиот регион.

Повеќе на Музика24...