Неда Украден станува писателка

Додека сите ние стравуваме и на овој или оној начин се заштитуваме од корона вирусот и изолирани седиме дома и наоѓаме разно-разни активности, занимации и добро и креативно пополнување на времето, познатата балканска пејачка Неда Укреден седењето дома го искористува да почне едно ново поглавје во својот живот, односно, таа започна да пишува книга.

Како и останатите повозрасни граѓани кои се над 65 годишна возраст, и таа ја почитува наредбата од надлежните, и не го напушта својот дом. Таа моментално живее сама се со цел да се заштити од корона вирусот, а и да ги заштити саканите од семејството. Освен што слуша добра и квалитетна музика, чита книги, се одмора, филмовите и се омилени… таа од неодамна започна да пишува и дневник кој самата го нарече: “Живот во изолација”, кој што после сето ова лудило планира да го објави и издаде.

“Јас немам страв. Имав тежок грип пред Нова година, но сега сум добро. Често патував, но не на ризични подрачја. А, засега моите десет концерти се откажани од Шведска до Бугарија и Словенија.

Таа не се плаши и од беспарица… вели:

“Го преживеав бомбардирањето така што не се плашам дека ќе влезам во минус и дека ќе останам без пари. Јас во Сараево 1992 година останав само со 1.000 парки во џеб, а родителите ми останаа без пензија, но се е во божји раце. А, сега дојде време да сме сами со себе, изолирани, но на тоа не гледам на нешто од кое ќе умреме”, изјавува Укреден за српскиот портал курир.рс. Таа меѓудругото вели и дека е самодисциплинирана и дека не излегува од дома. Потребните намирници иако во мали количини, но навреме ги обезбедила. Не и се допаѓа беспотребната паника кај луѓето што прават залихи од храна кога сите знаеме и сме свесни дека сево ова нема да трае со години.

Повеќе на Музика24...