Неле Карјлиќ го промовираше вториот дел од триологијата “Солунска 28”

Неле Карајлиќ, поранешниот пејач на легендарните “Забрањено пушење”, еден од творците на “Топ листа надреалиста” и од пред неколку години писател го промовираше вториот дел од триологијата “Солунска 28”.

“Солунска 28” е приказна за пријателството и предавството. Посветена е на луѓето и настаните кои поминувале низ куќата на Дорчол, на самиот брег на Дунав. За време на германската окупација на Белград и Втората светска војна. Вториот дел е продоложение на монументалната сага за една куќа, еден град и два света.

Првиот дел на триологијата “Солунска 28” е веќе издаден на македонски јазик. Неле Карајлиќ претходно ја издаде автобиографската книга “Фајронт во Сараево”. Карајлиќ моментално настапува со својот бенд “Осиромашен ураниум”.

Повеќе на Музика24...