Нина Бадриќ објави нова хит балада и го најави настапот на MAC (Видео)

Долгоочекуваниот список на регионални ѕвезди кои ќе настапат на MAC церемонијата во белградската Штарк Арена почна да се открива – организаторите ја потврдија првата ѕвезда која ќе блесне на бината на 27-ми јануари. Нина Бадриќ настапува на MAC, а информацијата доаѓа точно во моментот кога на јавноста и ја претстави новата песна, моќната балада со назив “Ратујем с тугом”.

MAC 2020 ќе биде, според најавите на организаторите, уште поспектакуларен од претходниот. Свеченото доделување на наградите ќе трае три часа, а церемонијата ќе ја пренесуваат најгледаните телевизии во сите земји учеснички. Само за оваа прилика најголемите регионални музички ѕвезди, меѓу кои и Нина Бадриќ, ќе имаат специјално осмислени настапи, на најимпозантната бина кога било видено во овој дел на Европа, со звучни и светлосни ефекти во склад со највисоките продукциски стандарди, по кои организаторот “Skymusic” е веќе регионално познат.

Освен настапот на MAC, Нина за 7-ми март следната година најави и голем концерт во Арената Загреб, па новата балада “Ратујем с тугом” претставува најубав вовед во нејзините два најголеми настапи во 2020 година.

Пред две години песната “Рекао си” е прогласена за песна на годината, а ја означи одличната соработка меѓу Анте Пецотиќ и Нина Бадриќ. Овој сега веќе уигран тим носи силна нумера која со својата мелодија пренесува виор од емоции за кои зборува.

“Се вљубив во оваа песна на прво слушање. “Ратујем с тугом” има силна животна емоција, а јас такви песни сакам. Верувам дека многумина ќе се препознаат во неа”, вели Нина, и додава:

“Мојата публика, моите драги пријатели имаат доволно време да го научат текстот, да ја проживееме и во живо заедно. Освен неа и сите оние убави музички мигови кои ги поминавме во изминатите 25 години, ќе го прославиме тоа наше пријателство. Искрено не можам да го дочекам овој ден”, додава Бадриќ.

Пред два дена почна гласањето за MAC 2020, а се одвива на страницата https://musicawardsceremony.com/glasanje

“Возбудена сум како заради мојата нова прекрасна балада, така и заради номинациите за поп-изведувач и едвај го чекам настапот на MAC! На секој музичар му е чест и задоволство да настапи на толку значајна регионална музичка манифестација. Би сакала да ги откријам сите детали, но сепак нека остане изненадување”, вели Нина која во видео порака испрати новогодишна честитка.

Повеќе на Музика24...