Нина Бадриќ се соочи на суд со човекот кој 2 години ја прогонуваше (Фото)

Хрватската пејачка Нина Бадриќ денеска беше во Општинскиот кривичен суд во Загреб, по повод судењето на Илија М. (57), пензионер кој две години ja демнеше Бадриќ во Загреб и Хвар, а и испраќаше писма и песни.

„Не сакам да бидам во судницата со овој човек. Се плашам од него. Зошто ме ставате во оваа ситуација? Зарем не е доволно што ме демне со години“, рекла вознемирено Нина.

Фото: Srdjan Vrancic/Cropix

За да може Бадриќ да сведочи во мир и да се присети на околностите, судијата го испратил Илија М. надвор од судницата. Пејачката остана на сведочењето дадено во обвинителството кога детално опиша дека тој и испраќал писма и песни и дошол на нејзината адреса во Загреб и Хвар, а го забележала и на Брач. Откако ги пејачката одговори на прашањата на одбраната, Илија М. беше вратен во судницата и имаше можност да му постави прашања на пејачката, но тој немаше никакви прашања. До следното рочиште тој ќе биде подложен на психијатриско вештачење за околностите на неговиот разум.

Фото: Srdjan Vrancic/Cropix

Да потсетиме, опсесијата на пензионерот Илија М. со пејачката се засили во август 2018 година, кога тој интензивно почна да пишува коментари на нејзините профили на социјалните мрежи, а откако таа го блокираше, следеа неговите дополнителни потези. Тој отишол на нејзината домашна адреса и ѕвонел на вратата, испраќал писма и песни, се појавил под прозорците на становите и хотелите од Загреб, преку Брач до Хвар. Ја следеше низ продавниците.

Подготви: Редакција Музика24

Повеќе на Музика24...

www.revanger.com www.erguvanhaber.com www.erzurumozelders.com www.tekirdagtabldot.com www.gebzesaadet.com www.balikesiryenihaber.com www.ucanbalonmugla.com www.aymaras.com www.buyukorduhaber.com www.ambushm.com www.trabzonpostasi.com www.yalovaradyotv.com www.internetedirne.com www.duzcepark.com www.butuncanakkale.com www.ssgolfhotel.com www.ispartaradyonet.com www.tokathaberi.com www.tokathabersitesi.com www.escortlarrize.net www.sivashbr.net www.sivashaberci.com www.manisaotolastik.com www.yeniyasamgorukle.com www.alanyamado.com www.manavgatx.com