Од септември ригорозни правила во “Ѕвездите на Гранд”

Саша Поповиќ, првиот човек на “Гранд” продукцијата, во текот на емитување на епизода од познатото музичко натпреварување “Ѕвездите на Гранд” открил што новите натпреварувачи можат од есен да очекуваат.

“Имено, на есен стартува 13-от серијал од популарното натпереварување, а учесниците ќе потпишуваат договор со “Гранд, дури кога ќе стигнат во петиот круг”, вели Поповиќ. “Ѕвездите на Гранд” се емитуваат повеќе од десет години, од кои излегле голем број пеачи од кои многу станале најбарани на овие простори и се создаде презаситеност, според тврдењата на Саша Поповиќ, со што неговата продукција била принудена да ги промени правилата кои важеа до оваа сезона.

Подготви: Редакција Музика24

Повеќе на Музика24...