Пејачката на “Нови фосили” дел од мјузиклот “Менопауза” (Фото)

Познатата хрватска музичарка, Сања Долежал, позната како долгодишен вокал на популарниот состав “Нови фосили” од неодамна работи на новиот мјузикл “Менопауза”. Мјузиклот е работен според лиценца за мјузиклот кој пред 3 години се играше на “Бродвеј” во ЊуЈорк. Покрај Долежал играат и: писателката и актерка Аријана Чулина, водителката Кармела Вуков – Чолиќ и имитаторката Саломе.

Дејството се одвива во трговски центар каде во борба за ист црн чипкан градник ќе се сретнат домаќинка, реалити ѕвезди, претприемачка и хипи девојка. Сите сфаќаат дека освен желбата за истиот градник за сите е заедничко дека се во менопауза. Постои и словенечка верзија на овој мјузикл во кој игра пејачката Хелена Благне.

Повеќе на Музика24...