Пејачката Стоја уапсена поради лажни 7.000 евра

Познатата пејачка Стоја Новаковиќ и нејзиниот сопруг Игор Јовановиќ минатиот викенд доживеаја голем срам. Биле приведени на границата меѓу Хрватска и Србија затоа што царинските службеници кај нив откриле фалсификувани банкноти во вредност од 7.000 евра.

“Сопственик на клуб во Вировитица со години ги изневеруваше луѓето, им даваше лажни банкноти и сите тоа го знаеја. Честопати доаѓаа да пеат и Сека Алексиќ, Сандра Африка, Раде Лацковиќ, Митар Мириќ, Индира Радиќ, Саша Матиќ… Па, сепак, сите тие беа задоволни од условите и хонорарот. Само Стоја Новаковиќ постојано нешто мрчеше”, вели изворот.

“Кога заврши нејзиниот настап, сопственикот на клубот го праша нејзиниот сопруг Игор колку им должи, на што тој одговори: “5.000 евра, по договор”. Овој рече: “Еве ви 7.000, таа го заслужи тоа”, додава изворот.

Тие му се заблагодариле и заминале. Но, кога пристигнале на границата тие уредно пријавиле дека префрлаат и девизи, така што царината ги побарала банкнотите за преглед. Тие банкноти им биле сомнителни на царинарниците, па направиле темелна проверка по што набрзо утврдиле дека еврата се лажни.

Стоја и Игор се заколнаа дека немаат поим дека девизите се всушност фалсификувани. На инспекторот му било кажано името и адресата на сопственикот на дискотеката. За време на апсењето на газдата на таа дискотека во Вировитица, во неговите простории е пронајдена машина за печатење банкноти, поради што тој заврши зад решетки. Стоја и нејзиниот сопруг беа ослободени по три и полчасовно сослушување. Сепак мораа да платат казна од 1.500 евра за таканаречен “економскиот прекршок”.

Повеќе на Музика24...