Почина албанската музичка легенда Неџмије Пагаруша

Денес на 86-годишна возраст, почина иконата на албанската музика, Неџмије Пагаруша. Славејот на албанската музика секогаш ќе биде запаметена по својот исклучително уникатен глас кој честопати се споредуваше со најголемите светски ѕвезди.

Пагаруша беше родена на 7-ми мај 1933 година во истоименото село, а музичкото училиште го заврши во Белград. За време на нејзината уметничка активност, “косовскиот славеј” никогаш не ја занемари оригиналната албанска музика. Во младоста изведуваше и дела од Бетовен, Верди и многу светски композитори. Неџмије Пагаруша денес остави зад себе ризница со повеќе од 150 испејани песни, а ремек-делото по кое секогаш ќе се препознава е “Бареша”, составено од нејзиниот сопруг Реџо Мулиќи.

За време на нејзината кариера одржала концерти низ разни земји како Израел, Бугарија, Босна и Херцеговина, Косово и Албанија. Доби и медал “Благодарница” од американскиот претседател Доналд Трамп, преку номинација на Академијата во Флорида. Погребот на Пагаруша ќе се одржи утре во кругот на најблиското семејство.

Повеќе на Музика24...