Преслава ги избра последните денови од пролетта, за да ја представи својата најнова песна “Беден в сърцето”. Музичкото видео ја направи својата премиера ексклузивно на официјалниот канал на пејачката на YouTube – Preslava, а веќе видеоспотот се врти на програмата на каналите на ТВ Планета.
Композиторот Даниел Ганев и и писателите Анастасија Мавродиева и Росен Димитров се авторите, кои ги обединија нивните креативни идеи за новиот хит на Преслава, а видеото е дело на режисерот Виктор Антонов, со камерман Радослав Гочев.
За време на снимањето на новата песна, пејачката сними и нова фотосесија, а фановите се категорични дека ќе стане еден од хитовите на 2020-та година. Први можноста да го слушнат новиот хит во живо имаа привилегија нејзините обожователи во Пловдив, “Secrets Folk & More Club”.
Подготви: Наташа Секуловска/Естрада Ворлд
Фото: ТВ Планета