После Цеца и Вељко, сопругата на Жељко Јоксимовиќ е позитивна на Ковид-19

Тежок ден за српската естрада. После големата забава по повод раѓањето на внукот на Цеца и Аркан голем дел од гостите вклучувајќи ги и домаќините Светлана и Вељко Ражнатовиќ се позитивни на коронавирус. Денес беше соопштено дека после 2 позитивни теста фолк-ѕвездата Цеца и нејзиниот син Вељко се заразени со коронавирус. Доцна попладнево објавено е дека водителката и сопруга на Жељко Јоксимовиќ, Јована, е позитивна на опасниот вирус.

“Постапив по сите мерки кои ми ги советуваа експертите. Од моментот кога дознав сум во изолација. Сите спортски обврски ги одложив до негативен тест”, изјави Вељко.

Она што е потврдено е дека Анастасија, Богдана и малиот Жељко се негативни на вирусот. Сите гости на забавата се тестираат се очекува уште неколку јавни личности да се позитивни.

Повеќе на Музика24...