Последно испраќање на балкански познатиот музичар и пејач Кичо Слабинац (Фото)

Со звуците на мандолини и тамбури беше погребан хрватскиот пејач, Крунослав Кичо Слабинац. Од легендарниот музичар се простија членовите на семејството, многу обожаватели, но и колеги, меќу нив и Нина Бадриќ, Жак Худек, Јасна Злокиќ и други.

Последното збогување на Кичо Слабинац се одржа во крематориумот во Загреб. Во моментот кога го погребуваа, на гробиштата во Загреб истовремено со тамбураши во Ѓаково, Жупанија, Валпово, Слатина, Пожега и Сопји ги свиреа неговите хитови „Замина со мирисот на утрото“ и „Тамбурашка разделба“. Од познатиот пејач се прости и градоначалникот на Загреб, Милан Бандиќ.

„Роден си во градот на Драва, а најголемиот дел од животот го помина во градот на Сава, која те прифати и сакаше како свој син. Направи доволно за нашата култура за 20 животи. Знам дека животот не те галеше и дека направи се со труд, талентот и Божјата промисла. Беше универзален, Бог ти го даде тоа“, кажа Бандиќ во говорот.

Слабинац почина на 13-ти ноември во загребскиот КБЦ, каде помина три месеци. Тој имаше операција на срцето и му беа вградени три бајпаси поради сериозно срцево заболување кое ги зафатило сите крвни садови. Оттогаш беше на интензивна нега и поврзан со апарати за дишење. Пред неколку недели требаше да биде одделен од апаратот за дишење, но неговата состојба повторно се влоши,а тој доби пневмонија и инфекција.

Повеќе на Музика24...

Остави коментар

Вашата маил адреса нема да биде објавена.

www.revanger.com www.erguvanhaber.com www.erzurumozelders.com www.tekirdagtabldot.com www.gebzesaadet.com www.balikesiryenihaber.com www.ucanbalonmugla.com www.aymaras.com www.buyukorduhaber.com www.ambushm.com www.trabzonpostasi.com www.yalovaradyotv.com www.internetedirne.com www.duzcepark.com www.butuncanakkale.com www.ssgolfhotel.com www.ispartaradyonet.com www.tokathaberi.com www.tokathabersitesi.com www.escortlarrize.net www.sivashbr.net www.sivashaberci.com www.manisaotolastik.com www.yeniyasamgorukle.com www.alanyamado.com www.manavgatx.com