Познатата балканска поп пејачка Емина Сандал (Јаховиќ) се разведува?!

Веста дека Емина Јаховиќ се разведува од сопругот Мустафа Сандал со брзина на светлоста ги обиколи турските медиуми, а потоа стигна и во овдешните медиуми. Како што пренесуваат турските медиуми, парот има проблеми во бракот поради што не се појавува заедно на случувањата, а се почестите караници довеле до тоа да размислуваат за разделба. Српските медиуми ја исконтактирале Емина која кратко изјавила: “Како и во Србија, така и во Турција медиумите се склони кон сензација и ова не е првпат да ме разведуваат. На сите од мојата околина им е познато колку сум во складен брак со Мустфаа. Значи нема развод”, изјавила Емина за медиумите. Подготви: Дениза Илиевска
Повеќе на Музика24...