Познати учесниците на овогодинешното издание на “Пирин Фолк 2020” (Фото+Видео)

На 11-ти и 12-ти јули во студиото на Фен Фолк ТВ во град Софија, се одржаа селекциите за учество на “Детскиот Пирин Фолк” и конкурсите за нова авторска песна, но и за изведувачко искуство на “Пирин Фолк” Сандански 2020 година. Силната конкурентска сила на фестивалот собра на едно место учесници од 8 до 80 години – секој од нив силно мотивирани да се качат на престижната сцена.

“Фактот дека оваа година видовме дека некои од децата, кои учествувале во претходните изданија на “Детскиот Пирин Фолк”, се натпреваруваат за учество во конкурсите за ворзасни, е доказ дека работиме во правилна насока”, изјави Г-дин Ненчо Касамов, директор на Фестивалот.

“Да видиш дека силата која ја вложуваш за развиток и зачување на родниот фолкор, дека фестивалот порасна и се развива заедно со своите најмлади учесници, е нешто кое означува многу за нас. Имено, младите се тие кои ќе ја пренесат и ќе ја зачуваат магијата на традициите низ времето”, дополни г-дин Касамов.

Жирито се состоеше од Димитар Христов – претседател, Бинка Добрева, Дали Иванова, Павлина Караджова и Ненчо Касамов, кои ги преслушаа и оценија изведувањата на живо од страна на кандидатите за “Детскиот Пирин Фолк” и конкурсот за изведувачко искуство во четири категории:

-точна интонација,

-стилски украси,

-уметнички перформанси и

-вокално пеење.

За да се дозволи учество на фестивалот за нова авторска песна на македонска фолкорна основа, комисијата ги преслуша анонимно и ги оцени подадените авторски песни по следните критериуми: припаѓање кон македонска народна област, композиција, аранжман и текст. Во изборот, како советник за текстовите, но без право на глас се вклучи и поетесата Надежда Захариева.

После изведен период комисијата ги објави имињата кои што земаат учество во овогодинешното 28-мо издание на музичкиот фестивал. “Пирин Фолк 2020” како и секоја година наназад, и оваа, ќе има претставници од Македонија, а меѓу нив ќе ги споменеме: Петар Нечовски, Методија Столевски, Даниел Тошевски и Зоран Христов, сите со македонски песни и автори од Македонија.

Македонскиот специјализиран музички портал Музика24 оваа година во соработка со организаторите е еден од мноштвото медиумски покровители на “Пирин Фолк 2020”, а единствен медиум од Република Македонија.

Повеќе на Музика24...