Познатиот балкански рокер Ален Исламовиќ станува политичар

Ален Исламовиќ станува политичар, а причина за тоа се проблемите со мигрантите кои го уништиле неговиот роден град Бихаќ. Пејачот одлучил да му се придружи на првиот градоначалник на Бихаќ и да биде дел од неговата “Нова иницијатива”.

“Сакам да им помогнам на граѓаните на Бихаќ за улиците во нашиот град повторно да им се вратат, да им се врати слободата на движење и шетање, слободно да седат покрај реката Уна, како што беше некогаш”, вели Ален, па додава:

“Јас немам ништо против тие луѓе, но мораат да го почитуваат нашиот град и обичаи. Наместо тоа, граѓаните на Бихаќ мораат да шетаат вооружени и да ги бранат своите домови. Нашите политичари не прават ништо за да ги заштитат”.

Повеќе на Музика24...