Пријателите и обожавателите се збогуваат од Рајко Дујмиќ (Фото)

Поранешниот фронтмен на групата “Нови фосили”, Рајко Дујмиќ, почина на 65-годишна возраст. Тој минатата недела ја загубил контролата врз своето возило кај Равна Гора и слетал во бездна длабока 11 метри по што бил сместен во одделот за интензивна нега на Клиничкиот центар во Ријека. Дујмиќ повеќе од деценија не настапуваше под името “Нови фосили”, неговите колеги Сања Долежал, Владимир Кочиш и Маринко Колнаго уште од 2005 година до сега настапуваат заедно изведувајќи ги песните на легендарниот состав.

Иако со години не беа во добри односи, веста многу ја погоди пејачката на “Нови фосили”, Сања Долежал. Таа за медиумите изјави:

“Страшно… тешко ми е мене на Зец и Маринко. Тешко е било што да се каже во овој момент. Единствено што можам да кажам дека тој беше еден од најголемите музичари кој некогаш се родил на овие простори. Беше голем учител, пример, авторитет и единствена утеха се песните кои остануваат зад него и кои ќе не надживеат сите нас. Сочуство до семејството, знам низ што поминуваат. Престрашно”, изјави Долежал.

Пејачката на групата “Рива”, Емилија Кокиќ, која во 1989 и донесе победа на Евровизија на Југославија изјави дека само плаче и едноставно не е во состојба да зборува. Сочуство на социјалните мрежи споделија и Тони Цетински, Жак Хоудек, Ванна, Горан Каран, “Парни ваљак” и многу други.

Подготви: Филип Етмишовски

Повеќе на Музика24...

www.revanger.com www.erguvanhaber.com www.erzurumozelders.com www.tekirdagtabldot.com www.gebzesaadet.com www.balikesiryenihaber.com www.ucanbalonmugla.com www.aymaras.com www.buyukorduhaber.com www.ambushm.com www.trabzonpostasi.com www.yalovaradyotv.com www.internetedirne.com www.duzcepark.com www.butuncanakkale.com www.ssgolfhotel.com www.ispartaradyonet.com www.tokathaberi.com www.tokathabersitesi.com www.escortlarrize.net www.sivashbr.net www.sivashaberci.com www.manisaotolastik.com www.yeniyasamgorukle.com www.alanyamado.com www.manavgatx.com