Прочитајте: Колку ќе заработат познатите балкански музички имиња за Нова година

Веќе е декември, а по редот на нештата, сакале ние или не, доаѓа и крајот на уште една година, поточно, крајот на оваа 2018та која за некого е позитивна и убава а за некој пак воопшто не. Но како и да е, се наближуваа големите и долго очекувани и посакувани семејни, емотивни и големи новогодишни и божиќни празници, а верувале или не повеќето од големите балкански музички имиња веќе знаат каде ќе имаат свој настап и кого се ќе забавуваа за дочекот на Новата година, односно, на 31ви декември.

Па така, препознатливите и добро познати Јелена Карлеуша, Ацо Пејовиќ и Марија Шерифовиќ за својот новогодишен настап на 31ви декември ќе заработат помешу 30.000 до 40.000 илјади евра.

Сека Алексиќ, Ана Бекута и Џани пак за оваа веќер ќе бидат побогати за 25.000 илјади евра, додека пак, Дара Буба Мара, Катерина Грујиќ и Милица Павловиќ оваа новогодшна ноќ ќе пејат за околу 15.000 илјади евра.

Еден од најпознатите балкански естрадни менаџери Бане Обрадовиќ за српските медиуми вели дека познатите музичари оваа година ќе пеат во Србија, бидејќи како што вели тој, нема работа надвор од границите на оваа држава.

“Се намали работата во странство. Некогаш пејачите таму настапуваа 4 пати неделно, а сега се работи само во сабота. Дојде до смена на генерациите. Се вратија во Србија оние кои ги слушаа нашите изведувачи, а во странство излегуваат нивните деца”, додава менаџерот Обрадовиќ.

Повеќе на Музика24...

Остави коментар

Вашата маил адреса нема да биде објавена.