Промовирана биографијата посветена на Арсен Дедиќ (Фото)

Денеска во Шибеник беше претставена биографијата на големиот композитор, поет, кантавтор, уметник… Арсен Дедиќ. Овој голем човек, музичар, композитор, автор.. роден е на 28-ми јули 1938, а почина на вчерашен ден (17-ти август) 2015-та година. Биографската книга “Арсен – човек како тој”, ја напиша хрватскиот новинар Златко Гал.

Својот прв албум Арсен го објави пред 50 години за “Југотон”, кој беше насловен “Човек као ја, а меѓу антологиските албуми кои останаа од тоа време се и “Homo Volans”, “Провинција”, “Кино Слобода”, “Тихи обрт”, “Министарство страха”… Зад Арсен останаа голем број евергрини, како “Moderato cantabile” и “Куча поред мора”, “Дјевојка из мога краја”, “О, младости”, “Откако те не волим”, “Амиго”…

Пишуваше за најголемите ѕвезди во Југославија – Габи Новак, Јосипа Лисац, Здравко Чолиќ, “Бијело дугме”, “Леб и сол”… Минатата година, дискографската куќа “Кроација рекордс” на двоен компакт диск ги објави неговите најрани снимки од периодот 1962-1964. “Рани години – Хронологија”.

Тој засекогаш ја задолжи музичката сцена и многу генерации кои уживаа во неговата музика, а неговиот придонес е немерлив и во театарот, на филмот и на телевизија. Тој остави зад себе богатство на убава музика и стихови кои со право се сметаат за неизбришливо народно богатство. Кога станува збор за Арсен, сите се единствени, а дури и најголемите го прогласуваат за Најголем.

Повеќе на Музика24...

www.revanger.com www.erguvanhaber.com www.erzurumozelders.com www.tekirdagtabldot.com www.gebzesaadet.com www.balikesiryenihaber.com www.ucanbalonmugla.com www.aymaras.com www.buyukorduhaber.com www.ambushm.com www.trabzonpostasi.com www.yalovaradyotv.com www.internetedirne.com www.duzcepark.com www.butuncanakkale.com www.ssgolfhotel.com www.ispartaradyonet.com www.tokathaberi.com www.tokathabersitesi.com www.escortlarrize.net www.sivashbr.net www.sivashaberci.com www.manisaotolastik.com www.yeniyasamgorukle.com www.alanyamado.com www.manavgatx.com