Рада Манојловиќ со одлична новогодишна понуда, Харис љубоморен

Старо-новите емотивни партнери Рада Манојловиќ и Харис Берковиќ планирале во новогодишната ноќ да настапат во иста географска зона за да можат подоцна да се сретнат и да го поминат заедно остатокот од најлудата ноќ, меѓутоа, изгледа дека плановите им се сменија.

Имено, според написот на магазинот “Свет”, еден швајцарски бизнисмен и дал на пејачката понуда што не се одбива. Рада би требало да настапи на неговата приватна забава и да пее пред 50-на гости, за што ќе биде тројно повеќе платена од својот вообичаен хонорар. Но сето тоа на нејзиниот дечко и колега Харис воопшто не му се допаднало.

“Земајќи предвид дека и Харис е од истата бранша, тој се посомнева дека швајцарскиот бизнисмен и фрлил око на неговата Рада штом е подготвен да плати колку што треба, без приговор и поговор, само за дочекот да му пее Рада”, открива извор близок на популарната двојка, и додава:

“Колку што знам, Рада и Харис не зборуваат во моментов, додека тој не се “одлути”, бидејќи на Рада и е важно да настапува, жената го издржува целото семејство, а познато е дека пејачите тројно повеќе заработуваат во новогодишната ноќ”, вели анонимниот извор.

Повеќе на Музика24...