Сања Долежал од „Нови фосили“ сними песна со „Хладно пиво“

Познатата пејачка на „Нови фосили“, Сања Долежал, гостуваше во новата песна на познатиот панк-рок бенд „Хладно пиво“. Идејата за овој неочекуван спој на поп-музика со панк и рок била на фронтменот на „Хладно пиво“, Миле Кекин.

„Тоа беше всушност моја идеја. Момците ме погледнаа прилично чудно кога им го предложив, бидејќи не се очекуваше таков предлог. Ми требаше некој што претставува таков „feel good“ и носталгичен момент, кој се крие во таа песна, и мислам дека нема поголем  „feel good“ бенд од „Нови фосили“. Гласот на Сања не следеше сите низ детството, без разлика дали сме обожаватели на групата или не. Ова беа песни кои беа исклучително популарни, особено во деновите кога бевме деца. После тоа, Сања остана во медиумскиот простор преку разни ТВ-емисии и сè уште асоцира на некое поубаво и подобро минато, па за мене беше совршено да ја имам нејзината гласовна боја во песната.“ – објаснува Кекин.

Долежал веднаш и со воодушевување ја прифатила поканата на Кекин да гостува во нивната песна.

„Сања е многу непосредна жена. Таа врескаше на телефон: „Yesss, јас сум огромен фан на Вашиот бенд!“. Таа е толку директна и срдечна што за момент останав без зборови. Таа влезе во целата приказна многу ентузијастички и токму тоа ме воодушеви.“- додава Кекин.

Повеќе на Музика24...

Остави коментар

Вашата маил адреса нема да биде објавена.

www.revanger.com www.erguvanhaber.com www.erzurumozelders.com www.tekirdagtabldot.com www.gebzesaadet.com www.balikesiryenihaber.com www.ucanbalonmugla.com www.aymaras.com www.buyukorduhaber.com www.ambushm.com www.trabzonpostasi.com www.yalovaradyotv.com www.internetedirne.com www.duzcepark.com www.butuncanakkale.com www.ssgolfhotel.com www.ispartaradyonet.com www.tokathaberi.com www.tokathabersitesi.com www.escortlarrize.net www.sivashbr.net www.sivashaberci.com www.manisaotolastik.com www.yeniyasamgorukle.com www.alanyamado.com www.manavgatx.com