Саша Ковачевиќ со својата љубов ужива во преубавиот Тајланд (Фото)

Како и секоја година во овој период после празниците, Саша Ковачевиќ ужива во одморот на некоја рајска дестинација, а оваа година друштво му прави девојката Зорана. Познато е дека Саша води сметка за здрав начин на живот и дека многу време поминува во теретана, и дефинитивно е јасно зошто жените се воодушевуваат кога ја гледаат секоја негова фотографија од плажа и нестрпливо чекаат да се соблече.

Сепак, Саша овој пат не е сам на фотографиите, бидејќи му се придружи неговата бомбастично градена девојка Зорана.

“За оваа килажа стварно не сум спремен”, се пошегува Саша во описот на фотографијата која ја носи Зорана. Тие двајца заедно позираат на фотографиите на место каде што Саша веќе неколку пати бил – Тајланд, и двајцата покажаа зошто се еден од најзгодните јавни парови на Балканот.

Саша и неговите истакнати мускули имавме шанска веќе неколку пати да ги видиме и неспорно е дека секој пат добива воодушевување, но сепак Зорана е вистинско изненадување. Во црно бикини покажа совршени стомачни, мускулести нозе и затегнато тело, па нема потреба да се констатира она штп е видливо на прв поглед, тие се навистина совршен пар.

Повеќе на Музика24...