Саша Ковачевиќ уште еднаш покажа како тоа се прави (Видео)

Додека нашите македонски музичари снимаат видеа од дома, се вклучуваат во живо на социјалните мрежи… и прават се да ги анимираат и забавуваат своите фанови и македонската публика, познатиот балкански популарен пејач Саша Ковачевиќ и овој пат на сите ни покажа како тоа се прави и во време на карантин, изолација и седење дома.

Тој заедно со својот бенд во позадина, седнат на пијано во комплетно празниот Белград, поради карантинот, одржа концерт пред српското собрание. Сите хитови кои се дел од кариерата на Ковачевиќ се дел од концертот кој подолу можете во целост да го погледнете, истиот е постиран на YouTube. Под мотото “Белград победува” ова е втор концерт од оваа кампања.

“Сакам сите што го гледаат и слушаат мојот сакан бенд и мојата маленкост за време на полицискиот час во петок, да ги растераат мрачните мисли и да ги споделат со нас најубавите чувства преку песната. Верувам дека позитивната енергија искажана преку музиката го закрепнува телото и духот. Сакам да пееме заедно и гласно за здравствените работници, со намера да ни стигнат што побргу подобри и безгрижни денови со повеќе поводи за дружење”, напиша тој на социјалните мрежи.

По примерот на светските и балкански музичари кои одржуваат концерти на отворено за време на овие денови кога се препорачува да седиме дома, добар предлог на некој од македонските познати музички имиња истото да го направат во центарот на Скопје, или било кој друг град низ нашата Македонија.

Во продолжение, уживајте оваа вечер со романтичните песни на згодниот српски пејач :

Повеќе на Музика24...