Северина се откажа од државната помош доделена поради коронавирусот

По објавата во многу медиуми дека на списокот на компании кои бараат исплата на минимална плата во Хрватска поради корона-кризата, а имало 87.000 компании, во кои работат прближно 470.000 вработени, се најде и фирмата на пејачката Северина.

Но, таа побара откажување на таа помош. За ова како што вели “недоразбирање”, одговори и ПР тимот на Северина. Исто така, соработниците на Северина, со оглед на тоа дека таа била во Србија, поднеле барање за мерката, но без нејзината претходна согласност.
Северина, побарала овие средства да се вратат. Пејачката е секогаш тука кога треба да се помогне, па оние средствата што ги доби ги донираше по земјотресот во Загреб.

Извор: Вечер прес

Повеќе на Музика24...