Сите велат дека таа се разведува, но таа по веста дека е бремена го најави својот нов албум

По приказната за разводот, бременоста сега на глава и дојде и оваа работа. Пејачката Северина Којиќ го изненади сите со овој потег. Имено, таа го објави датумот на долго најавуваниот и очекуван албум на цел Балкан. Сите нејзини обожаватели ќе можат веќе од 01.02.2019 година да ги слушнат новите 14 песни на новиот албум насловен како “Ало”.

Истовремено, пејачката на социјалните мрежи сподели дека наскоро ќе ја објави и првата најавна песна од претстојниот албум. Песната го носи насловот “Имаш право” и Северина ќе ја објави во понеделник (17ти декември) во 12 часот на својот Јутуб канал. Музиката ја има направено Гиоргос Сампанис, а зад текстот се потпишува Марина Туцаковиќ.

Повеќе на Музика24...