Балканленд

Слушнете како звучеше песната “Hajde mala” од Стефан Коковиќ, пред “X Factor Adria” (Аудио)

Познатиот белградски новинар и текстописец Милан Поповиќ, ја објави демо верзијата на летниот хит “Хајде мала”, кој веднаш по учеството на регионалното тв шоу “X Factor”, ја сними младиот пејач Стефан Коковиќ. Песната која минатата година го освои и оскраот на популарноста, Милан ја има напишано во 2009-та година и се до започнувањето на првата сезона на “X Factor Adria” ја чувал во една од своите фиоки. Тогаш продуцентите одлучија некој од момците чии ментор беше познатата балканска пејачка Емина Јаховиќ-Сандал да ја отпее оваа хит песна. Ова е воедно и прва студиска снимка на оваа песна на оваа песна стара шест години.

Ексклузивно, Специјализираниот македонски музички портал Музика24 го доби правото на ниво на Република Македонија да ја објави оваа снимка, бидејќи истата досега не е емитувана, односно, објавувана.

“Сосема случајно дојдов до оваа снимка. Сега кога ќе ја пуштам, некако сум носталгичен, но она што е најважно што и ден-денес оваа верзија има нешто во себе, иако ни јас како човек не бев истиот пред шест години”, изјави за Музика24 Милан Поповиќ.

https://youtu.be/N6tZNw-DljI

Подготви: Марија Поповска

Можеби ќе ве интересира: