Со спектакуларен концерт тв Планета го прослави својот 18-ти роденден (Фото+Видео)

Бугарската музичка телевизија Планета ТВ на 3-ти декември во салата “Колудрума” во Пловдив, Бугарија одржа спектакуларен концерт со кој прослави 18 години лидерство во музичките води.

Имено, познатата телевизија уште еднаш докажа дека знае да ги израдува и изненади своите многубројни обожаватели со спектакуларно шоу, во кое учество зедоа дел од нејзините најголеми музички ѕвезди, но овој пат акцентот беше ставен на настапите на новите пополнувања во редиците на музиччката компанија “Пајнер”.

Почетокот на концертот беше поставен од страна на Ванката, која имаше подготвено специјална роденденска кореографија и балет со кој настапи исполнувајќи го својот нов хит “Рожден ден”, а после него следуваа: Вања, Джордан, Џулија и нејзиниот сопруг Кристијан Кирилов, Рајна, Борис Дали, Галин, Марија, Јаница, Малката, Теди Александрова, Денис Теофиков, Ариа, Ивета Костова, Тања Маринова, како и новите ѕвезди Десита, Диона и Лидија.

Исто така, на сцената се качија Тони Стораро и Алисија за да ги исполнат дуетите со Емрах, додека пак ДесиСлава, Цветелина Јанева и Анелија беа тотални ѕвезди на вечерта, а Емануела ја имаше честа за прв пат откако е во редиците на “Пајнер” да го затвори концертот со својата најнова песна “Вечно свързани”.

Очекувајте го целиот концерт на телевизија Планета на 31-ви декември со почеток во 19:00 часот на Планета HD и во 20:00 часот на телевизија Планета.

Автор на текстот: Наташа Секуловска/Естрада ворлд

Фото: ТВ Планета

Повеќе на Музика24...