Софи Маринова ја “запечати” својата љубов со видео за песната “Един за друг” (Видео)

Неверојатната Софи Маринова ги изненади пријатно своите многубројни обожователи со нова песна, која се вика “Един за друг” ( Еден за друг) и веќе се врти по етерот на Фен ТВ. Видеото е создадено специјално со делови од нејзината свадба со сопругот Гринго, која се одржа на 24-ти март.

Имено, видеото е во контекст на песната која е посветена на големата љубов. Потсетуваме дека Софи пред да склучи брак со Гринго, беа во врска неколку години минувајќи низ различни ситуации кои секогаш ги споделуваа со јавноста. Поради тоа, оваа песна е искрена нејзина исповед за љубовта, во која таа не ги крие своите силни чувства кон својот сакан сопруг.

На свадбата присуствуваа над 300 гости и нејзини колеги како Тони Стораро, Бони, Роксана, Глорија, Симона Загорова, Тони Дачева, Славка Калчева, Константин, а нејзина кума беше Преслава, заедно со нејзиниот сопруг Павел.

Во прилог погледнете ја песната “Един за друг”.

Подготви: Наташа Секуловска/Estrada world

Повеќе на Музика24...

Остави коментар

Вашата маил адреса нема да биде објавена.