Тажна вест: Почина Шабан Шаулиќ

Кралот на народната музика Шабан Шаулиќ, настрада ова утро во сериозна сообраќајна несреќа во Германија. Како што велат првичните информации, несреќата се случила во градот Билефелд, во северозападниот дел на Германија.

Несреќата се случила по концертот на Шаулиќ во Билефелд, а пејачот бил пренесен во болница по несреќата, каде што, за жал, и покрај напорите на лекарите, им подлегнал на повредите. Според полицискиот извештај, две возила слетале од патот и ги погодиле банкините, а првите информации биле дека тројца луѓе од Сеат Ибица се повредени.

Нека му е вечна слава.

ПС. Последната песна која што Шаулиќ ја издаде е дуетот со познатата српска фолк пејачка Зорица Брунцлик.

Повеќе на Музика24...