Балканленд

Теа Таировиќ ги освојува музичките топ листи со најновата песна „На једну ноч“ (Видео)

Српската пејачка Теа Таировиќ, која преку ноќ стекна уште поголема популарност со хитот „Хајде“, кој денес има над 44 милиони прегледи, пред неколку дена го престави својот најнов сингл со наслов „На једну ноч“.

Песната е дело на композиторот Даниел Ганев, односно е кавар на познатиот бугарски хит “Въртележката“ на Јаница. Видеоспотот за кој е заслуженa самата пејачка ја прикажува историјата на песната, предизвикувајќи лавина од позитивни коментари низ социјалните мрежи, не само во соседна Србија, но и низ целиот Балкан.

„На једну ноч“ е овде. Дозволете да ве “повозам“ ритамот, гласот, зборовите и нека повторно гори Балкан! Ви благодарам за целата љубов оваа година и сите претходни, вие сте мои и јас сум ваша и како што се пее во песната „Не ве давам, затоа што ве сакам“, изјави Теа, а во прилог, погледнете за што станува збор:

Подготви: адв.м-р Наташа Секуловска/Естрада Ворлд

Можеби ќе ве интересира: