Телевизија Планета HD го прослави 10-от роденден

На 22-ри мај го прослави својот 10-ти роденден најпознатата музичка телевизија Планета во својот формат HD, која е дел од музичка продукција во соседна Бугарија – “Пајнер”.

Овој телевизиски канал беше првиот кај соседите во High-definition формат, кој и до ден денешен емитува само своја сопствена продукција, затоа што секогаш оваа фирма е во чекор со светските трендови и од 2014-та година успеа дури да снима и во High-definition – 4K резолуција кога беше пуштена и Планета 4К.

По тој повод гледачите можат да уживаат во роденденската програма во која беа прикажани дел од концертите на музичката компанија “Пајнер” во кои учество имаа скоро сите нивни изведувачи.

Им посакуваме уште многу успеси во иднина и да продолжи нашата неверојатна соработка, каква што остваруваме од 2014-та година до денес денес.

Текстот го подготви: Наташа Секуловска/Естрада Ворлд

Повеќе на Музика24...