Тереза Кесовија: Немам корона!

Во кусиот разговор со познатиот естраден новинар од Македонија Дуле Миќиќ, дознаваме дека легендарната Тереза Кесовија за “Вечер” меѓу другото кажа дека нема корона, но дека имала ужасно воспаление на белите дробови… таа им праќа поздрави на своите македонски фанови, порачува да се чуваат и да останат дома, во надеж дека наскоро во Македонија ќе направи голем солистички концерт…

“Далеку од тоа дека сум безгрижна. На целата оваа ситуација се случи и тој одвратен потрес во кој станот на мојот син и мојата снаа е прилично уништен, па сега сето тоа ќе мораат да го реновираат. Важно е дека останале живи! И, јас сум гледате жива, а малку фалеше и да не бидам. Господ ме чува! Уште некаде пред Нова година, пред да тргне во Европа хаосот со коронавирусот имав страшно воспаление на белите дробови. Останав и во болница и одвај извлеков жива глава”, открива Тереза за дневниот весник “Вечер”.

Повеќе на Музика24...