Балканленд

Тончи Хуљиќ со песната  „Маре луда“ го најавува новиот албум (Видео)

Реномираниот хрватски музичар Тончи Хуљиќ ја претстави својата нова песна „Маре луда“. Се работи за сосема нов звук на длабоки емоции. Ова е првиот сингл кој го најавува албумот наречен Инаморана, што значи за заљубеност.

„Ова е непланиран албум создаден поради вишок време, прекумерна инспирација, составен од екстремни емоции и создаден за мојата душа“, вели Хуљиќ.

Екстремните емоции се токму она што песната „Маре луда“ го буди кај секој слушател. Направена во форма на далматинска шансона и ја става емоцијата во преден план со минимална употреба на инструменти, само пијано и виолина.

2021-ва година ќе биде креативно богата година за познатиот творец од групата „Магазин“. Имено Тончи ја подготвува првата поп-миса во светот. Се работи концертен спектакл насловен „Миса Медитерана“ кој датира од 17-ти, 18-ти и 19-ти век, кога мисите биле вообичаени, а денес се сосема ретки. Мисата ќе биде на латиница и е специфична по тоа што е поп-кросовер миса со истакнат медитерански карактер. Ако сè оди според планот, идејата е да се одржат две претпремиерни проекции на Сплитскиот летен фестивал. До крајот на годината, Тончи ќе го и заврши двојното инструментално ЦД  „Медитерано“.

Можеби ќе ве интересира: