Телевизија Планета прославува полнолетство со голем концерт на 3-ти декември (Видео)

Европскиот град на културата за 2019-та година – Пловдив во Бугарија ќе биде домаќин на големиот концерт на познатата музичка телевизија “Планета”. 18-от роденден на најсаканата и најгледаната телевизија ќе се одржи на 3-ти декември во сала “Колодрума” со почеток во 19:00 часот по бугарско време. Билетите веќе официјално се пуштени во продажба и се достапни во мрежата на eventim.bg.

Со сигурност забавата ќе биди многу “жешка”, ѕвезди и хитови, затоа што на сцената ќе се качат едни од најпознатите бугарски поп-фолк ѕвезди како Преслава, Ивана, Глорија, Анелија, Емилија, Галин, Цветелина Јанева, Джена и многу други.

Подготви: Наташа Секулоска

Фото: ТВ Планета

Повеќе на Музика24...