“Урбан Рекордс” први во соработка со “IDJ Videos” ја промовираат “Неваљала” на Таско и Лина (Фото+Видео)

Нашиот македонски суперстар Таско до сега сме го гледале во соработка со многу машки трап изведувачи како Два Бона, Слаткаристика, Тракер, Фокс Бранко од Србија и Инас од Босна. Но сега за прв пат во дует со женски артист и тоа не со било кој, туку со нашата позната пејачка која јавноста ја запозна на српските “Пинкови ѕвездички”, убавата, талентирана и харизматична Лина Пејовска.

За оваа соработка Лина го изјави следното:

“Снимањето на спотот помина топ, лудо и незаборавно, а како би било поинаку кога снимаш со Таско и со екстра добра екипа. Идејата за заедничка песна со Таско дојде спонтано како што настана и нашата дружба. Подолго време бевме на идеја за нешто интересно и еве тоа и се оствари. Се надевам ќе им се допадне на сите, а песната може само да кажам дека “ЌЕ ГРМИ”, вели Пејовска.

Песната е со српски наслов и се вика “Неваљала” за која музиката и текстот ги напиша Таско, инструменталот е на Алекс познат “Beat maker” од Шведска, а миксот и мастерингот се на Иван Јованов – Ивајо. Спотот е во режија и монтажа на Гордан Божиновски, во организација на Борис Тасковски, а сниман е во соработка со “Artistic Production” Истиот се снимаше во два сета од по 8 и 14 часа на две локации, во индустриска зона во Велес и на кулите “Џевахир” во општина Аеродром Скопје.

Инаку, “Урбан Рекордс” е првата продукција од Македонија што потпиша партнерски договор со лидерите во регионот за медиумска промоција и дигитална продажба и дистрибуција “IDJ Digital” од Србија. Тоа значи дека ексклузивно и за прв пат наши изведувачи се промовираат на нивниот музички видео канал “IDJ Videos”.

Во прилог со задоволство ви предлагаме да го погледнете најновиот спот на Таско и Лина за песната “Неваљала”.

Уживајте!

Повеќе на Музика24...