Влатко Лозановски: Доаѓам од Македонија, не од земјата со додаток што го спомнавте

На вечерашното издание на МАС2020, кое што сеуште трае, Награда за поп песна во тесната конкуренција помеѓу познати балкански изведувачи, наградата ја доби нашиот македонски пејач Влатко Лозановски кој беше претставен дека доаѓа од Северна Македонија, но веднаш по неговото излегување на сцената Лозановски изјави:

“Мило ми е што ми ја доделивте наградата МАС2020 за најдобра поп песна. Пред се да ве поправам (ова се однесуваше на водителскиот пар), јас доаѓам од Македонија, а не од таа земја што ја спомнавте со додаток”. Тој воедно се извини што зборува на македонски јазик, а не на српски, со оглед на тоа дека познатата српска поп пејачка Јелена Карлеуша често вели дека македонскиот јазик е секси.

Лозановски наградата ја доби за песната “Мајко”, а за него гласаа Балканот и цел регион.

Повеќе на Музика24...