Во 2018-та ќе се организира “Евровизија“ за Азија и Пацифик

Следната година Европската радиодифузна унија ќе го организира првото издание на “Евровизија Азија”, музичко натпреварување наменето за земјите од Азија и Пацификот. “Евровизија Азија” ќе се одржува само во еден ден наместо во три како оргиналната “Евровизија”. Досега своето учество го потврдиле 9 земји и тоа: Австралија, Кина, Конг-Конг, Јапонија, Јужна Кореја, Нов Зеланд, Сингапур, Соломонови острови и Ванауту. Датумот како и домаќинот на настанот ќе бидат објавени наскоро.

Подготви: Филип Етмишовски

Повеќе на Музика24...