За 24 часа новиот хит на Преслава има над 700.000 илјади прегледи (Видео)

Бугарската ѕвезда Преслава, точно на Празникот на љубовта и виното 14-ти февруари го пушти својот прв сингл за оваа година кој носи наслов “Изтрезняваш ли” (Вознемирен ли си?) после неверојатниот хит за минатата година “Да гори в любов” (Да гори во љубов).

Видеото во моментот е на прво место по гледаност во соседна Бугарија според музичкиот интерент портал за видеосподелување YouTube со над 700.000 илјади прегледи за само 24 часа. Музиката и аранжманот на новата песна се дело на бугарскиот композитор Даниел Ганев, додека пак силниот текст кој собра суперлативи е соработка помеѓу Анастасија Мавродиева и Росен Димитров. Режисер на видеото е Виктор Антонов, во кое пејачката ја гледаме во одлично издание и топ форма и очигледно е дека мајчинството и дава се повеќе стимул за работа.

Музичкото парче наиде на одлични позитивни коментари од страна на публиката, а љубителите на поп-фолк музиката во Велика Британија ќе ја имаат честа први во живо да ја слушнат изведбата на песната “Изтрезняваш ли” уште оваа сабота (16.02) во Лондон каде што Преслава ќе биде специјална гостинка по втор пат оваа година.

Автор: Наташа Секуловска/Estrada World (www.estradaworld.blogspot.com)

Фото: Телевизија Планета

Повеќе на Музика24...