Балканленд

Захариева: Kандидатoт за Евровизија доби повеќе од 400 закани по животот поради бугарско државјанство

Министерката за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева нагласува во интервју за бугарскиот „24 Часа“ дека нејзиниот став за Скопје, нема никаква врска со изборите.

“Имаме Договор од 2017 година што не се спроведува, рамковна позиција на Владата и едногласно усвоена декларација од парламентот. Во Република Македонија го знаат мислењето на сите бугарски партии и народот – 83,8 отсто од граѓаните не се согласуваат да ја поддржат Pепублика Македонија за членство во ЕУ се додека не се постигне договор за фактите за историското минато на Бугарија”, смета Захариева.

Таа тврди дека неодамнешните постапки на властите во Скопје не даваат многу причини за оптимизам.

“Нивниот кандидат за Евровизија доби повеќе од 400 закани по животот затоа што рече дека имал и бугарско државјанство…Се уште немаме објаснувања од Скопје и зошто нашето Министерство за надворешни работи треба да побара дозвола за увоз на бугарски книги”, изјави бугарската министерка за надворешни работи.

Захариева вели дека добрите односи на премиерот Бојко Борисов со претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган довеле до „нула притисок врз мигрантите на нашата граница“. Во однос на Русија таа нагласува дека ниту една земја не може да толерира дипломати кои нелегално собираат класифицирани информации.

“Дипломатите не можат да бидат кривично одговорни, но според Виенската конвенција од нив треба да се побара веднаш да ја напуштат земјата… Ние веруваме дека ЕУ и Русија треба да разговараат за сите прашања директно и отворено, но нема да толерираме незаконски активности на дипломати од која било земја на нашата територија… Бугарија продолжува да работи на соработка со Русија во економијата, туризмот и трговијатa”, додаде таа.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: