Балканленд

Започна “Каменичко културно лето”

Вчера вечер со театарската претстава “Театар, љубов моја” во изведба на театарот “Јордан Хаџи Константин – Џинот” од Велес стартуваше овогодинешното издание на “Каменичко културно лето”. Одтаму велат дека се задоволни од вчерашната посета и дека летната културна понуда продолжува со џез концерти. Во Домот на културата во Македонска Каменица, вечерва ќе биде одржан џез концерт на составот “Гоце Стефковски септет” за кој влезниците ќе бидат бесплатни.

“Овој настап е дел од летниот џез караван кој е поддржан од Министерството за култура, Општина Македонска Каменица и Културно-информативниот центар “Романса”. Утревечер пак, 30-ти јуни ќе настапат Игор Џамбазов и “Гуру Харе Бенд”. Концертот ќе се одржи на старото спортско игралиште во непосредна близина на Градскиот базен, а во организација на “Асгард 2015” и Културно-информативниот центар “Романса”, изјави денеска на прес-конференција Гоце Стојановски.

Како што дознава музичкиот портал Музика24, во текот на летото ќе се одржи и Каменичкиот фолклорен фестивал, а во соработка со Општина Македонска Каменица во тек се и подготовките за големиот настан организиран по повод 28-ми август – Денот на рударите, кога се очекува на сцената на “Каменичко културно лето” да настапат познати и популарни македонски и балкански музички имиња.

Подготви: Марија Поповска

Можеби ќе ве интересира: