Заврши второто издание на МАС 2020 (Фото)

Музичкиот спектакл МАС2020 кој што траеше речиси 5 часа е веќе зад нас. Во Македонија освен преносот кој што го вршеше Канал 5 телевизија, истиот можеше да се следи и преку официјалнио канал на YouTube на МАС. Последната изведба со која што и всушност заврши годинешното издание припадна на Александра Радовиќ која отпеа еден нејзин добро познат хит.

Наградат Голд МАС сопственикот и организатор на целиот овој спектакл ја додели на Сенида која се заблагодари и порача дека ќе се видиме и следната година. Инаку, што се однесува до останатите доделени награди, Награда за нов изведувач ја доби Ангелина, за светска песна на МАС2020 наградата отиде кај Сарс, додека пак за YouTube музички изведувач, YouTube ѕвезда, оваа награда им припадна на младите Војаж.

Се надеваме и искрено веруваме дека ако овогодинешното издание беше спектакуларно и наш македонски претставник доби само една награда од мноштвото награди, следната година, наши изведувачи ќе има во поголем број а со самото тоа и повеќе награди за македонските кандидирани изведувачи, песни поголема застапеност, пред се.

Благодариме што не следевте и што речиси цела вечер бевте со Музика24 кој што единствено пишуваше и известуваше за и од овој музички настан.

Повеќе на Музика24...