“Жена над жените” нова песна од Тони Цетински (Видео)

Во текот на денешниот ден познатиот хрватски поп пејач Тони Цетински ќе ја промовира својата нова песна “Жена над жените”. Цетински со оваа песна воедно и го најавува својот најнов и долго очекуван студиски албум кој според најавите би требало да излезе по летниот период односно наесен. Тој за новиот музички проект вели дека ќе биде достоен наследник на албумот од 2011-та “Опет си побједила” кој одбележа многу хитови кои се слушаат и ќе се слушаат уште многу долго време. Во продолжение, погледнете го видеото како најава за новата песна, а снимено од самиот Тони Цетински. Подготви: Магдалена Атанасовска
Повеќе на Музика24...