Зошто Хајнекен мора да му плати 80.000 илјади евра на Горан Бреговиќ?!

Високиот суд во Загреб ја потврдил пресудата по девет години старо обвинение, според кое, Горан Бреговиќ барал отштета од пиварата Хајнекен, поради неовластено користење на негови музички дела. Според пресудата, која минатата недела ја потврдил судот, Хајнекен на Бреговиќ ќе мора да му исплати 80,7 илјади евра плус камати, пренесува “Сибиз”.

Судот утврдил дека Хајнекен, кој е сопственик на Карловачката пивара, без одобрение од авторот ја користел песната “Битанга и принцеза”. Хејнекен ја користел музиката во рамките на маркетинг кампањата “Карловачко лајв 2007”, а песната ја преработиле, односно синхронизирале во ТВ и радио спот и објавиле и рекламна содржина на официјалната интернет страница Карловачко.хр. На тој начин, како што стои во пресудата, било повредено авторското право на Бреговиќ.

Поради повредата на авторски права, Бреговиќ ја тужел оваа компанија и за други песни кои тие ги користеле од 1 ноември до 31 декември 2017 година, но судот ги отфрлил тие барања.

Повеќе на Музика24...