Прочитајте: Зошто Наташа Беквалац не ја украси својата новогодишна елка

За време на Нова година и новогодишните празници, домовите на познатите се уредени во новогодишен стил. Пејачката Наташа Беквалац е позната по тоа што сака да го уреди својот дом во новогодишно – божиќно издание. Меѓутоа, оваа година за првпат пејачката не ја накити новогодишната елка, а ја откри причината за тоа.

“Ова е прва година како нашиот дом не е украсен и немаме новогодишна елка. Се договоривме да не ја украсиме елката поради неколку причини, бидејќи Катја само што прооди и елката ќе и привлекува внимание. Бидејќи се фаќа, го намаливме ризикот нешто да не се случи или да не ја повреди”, откри Беквалац за “Блиц” и додава:

“Имаме преубава елка со вештачки снег и делумно не ја поставивме поради хигиена. Катја е многу мала и сигурно нема да се сеќава, па се откажавме од убавините на новогодишната елка”, вели популарната пејачка.

Повеќе на Музика24...