24 Интервју: Светлана Ражнатовиќ – Цеца (Фото)

Екипата на музичкиот портал Музика24 на “Пивофест” во Прилеп имаше можност да направи кратко интервју со балканската мега ѕвезда – Светлана Цеца Ражњатовиќ, непосредно пред нејзиниот настап. Со Светлана разговаравме за настапите, семејството, летните одмори, но и музичките планови.
Музика24: Ова е Ваш втор настап на “Пивофест”, како се чувствувате во Прилеп?

Цеца: Зар не се гледа (се смее). Драго ми е што сум вечерва тука и големо задоволство да настапам пред оваа публика. Јас не гостувам ретко во Македонија, тука имам голема публика која е весела и темпераментна. Прилепската публика е одлична, но кога се работи за Македонија не ми е важно во кој град настапувам секаде имаме многу публика, одлични концерт и забава.

Музика24: На што работите во моментов?

Цеца: Ништо не работиме, пееме (се смее). Се шегувам, полека спремаме нов материјал, никаде не брзаме. Ќе ги снимам песните кој ми се допаѓаат. Медиумите и обожавателите на време ќе бидат информирани.

Музика24: Сега е сезона на летни одмори. Дали веќе бевте на одмор? Каде летувавте?

Цеца: Бев на Кипар, па во Грција. Го користам секој слободен простор да одморам. Незнам дали ќе имам многу време да одам повторно на летување, бидејќи имам доста настапи летово.

Музика24: Зад себе имате многу хитови, кој е рецептот да се направи хит?

Цеца: Тука е факторот среќа, божја волја, но и добри соработници.

Музика24: Дали имате планирани настапи и турнеја низ дијаспората?

Цеца: Јас имам забрана за влез во САД уште од 2003 година. Незнам зошто, но тоа е нивно дискреционо право да не кажуваат. Но не се откажувам, работиме на тоа.

Музика24: Неодамна добивте снаа и семејството се проширува. Како се чувствувате?

Цеца: Фала му на Господ ние сме едно големо семејство. Но знаете како се вели “где челад није бесна и куча није тесна” (српска поговорка).

Музика24: Кој се погрижи вечерва за Вашиот изглед? Што носите на себе?

Цеца: Ова на мене е креација на дизајнерката Марина Вицковиќ.

За Музика24 од “Пивофест” – Прилеп: Филип Етмишовски
Фото: Марија Етмишовска

Повеќе на Музика24...