Александар Темелков: Сметам дека Вики е вистинскиот избор (Фото+Видео)

Тој е младо, интересно и забавно момче. На неколку наврати учествува и се натправарува во музичкото тв шоу “Ѕвездите на Гранд” каде секогаш е одлично дочекан и каде на сцената секогаш прави вистинско шоу. Но освен тоа, тој неодамна сними и неколку песни кој веруваме ќе Ви се допаднат и дека ќе бидат одлично прифатени од Ваша страна. Неодамна на фестивалот “Филиграни” позади сцената го забележавме и Александар Темелков кој иако оваа година не зема учество, тој сепак им даде поддршка на своите колеги.

Екипата на музичкиот портал Музика24 неговото присуство го искористи накратко да поразговара со него и колку-толку да дознаеме што е она што Александар го подготвува во идниот период.

Музика24: Ова е твое трето учество во тв музичкото шоуто “Ѕвездите на Гранд” и овој пат имаш и свој ментор и веќе си дел од вториот круг. Кажи ни што е она што го очекуваш од овогодинешното твое учество во ова балкански познатото музичко шоу и натпреварување?

Александар Темелков: Од овогодишното учество во “Ѕвездите на Гранд” очекувам најмалку да стасам до крајот на натпреварот, односно, до полуфинале.

Музика24: Навистина интересно и можеби збунувачки за сите нас гладачите е тоа што при тој избор од ментори и оние кои гласаа за тебе, ти сепак ја одбра пејачката и член на жири Вики Миљковиќ. Зошто го направи тој избор?

Александар Темелков: Навистина многу новинари ми го поставија ова прашање, а мојот одговор ќе биде… Вики Миљковиќ ја одбрав за мој ментор затоа што е мој стил, фолк музика, а јас сум пред се фолк пејач. Сметам дека таа е вистинскиот избор.

Музика24: Пред извесно време на твојот Фејсбук профил видовме фотографија дека веќе се имаш и видено со твојата менторка во Белград и претпоставувам веќе знаеш што и како во вториот круг. Дали можеш да ни кажеш малку повеќе околу тоа?

Александар Темелков: Одлучивме кои песни ќе се пејат во вториот круг. Не смеам да откријам кои се тие, но еве само ќе споменам дека и двете песни се познати српски хитови, сега сме во таа фаза кога не одбира кандидатот туку менторот.

Музика24: После твоето учество во првиот круг и исполнувањето на двете познати македонски песни од Јордан Митев, освен што доби многу пофалби за тоа дека конечно некој од нашите натпреварувач пее македонска песна, и самиот пејач Јорадан Митев напиша статус посветен на твојот избор со одлични пофални зборови. Како се запознавте со Јордан Митев и каква е Вашата соработка?

Александар Темелков: Ние се запознавме оваа година лично на хуманитарен концерт во Прилеп каде што настапував јас, а и мојот пријател и колега Митев. Му побарав матрици од песните кои ги отпеав, а тој најколегијално за што му благодарам, ми прати матрици за да можам да се преставам на сцената на “Гранд”.

Музика24: Освен што си дел и се натправаруваш во “Ѕвездите на Гранд”, што е она што го работиш на професионално поле. Има ли нешто со што може да се пофалиш, да го споменеш и презентираш пред нашите читатели?

Александар Темелков: Јас професионално со музика се бавам речиси една година. Снимив четири мои песни и веќе професионално се занимавам со музиката. Песните пополека постигнуваат голем успех и испаѓаат на површина. Што се однесува до видео спотовите, се работи и на тој дел и секако и тоа ќе биде.

Музика24: Дел си од познато музичко тв натпреварување, имаш снимено четири песни, настапуваш на хуманитарни и слични настани… кои се твоите идни професионални планови и што е она што го подготвуваш во идниот период?

Александар Темелков: Уште многу, многу песни и долга музичка кариера.

Интервјуто го подготви: Иван Јосимовски

Повеќе на Музика24...

Остави коментар

Вашата маил адреса нема да биде објавена.