Александра Тимковска: Она што може да ти го донесе моментот не може ни целиот живот (Фото)

Таа е познат естраден новинар. Порано често ги “раздрмуваше” познатите во Македонија со своите прашања без влакна на јазикот. Беше водителка на забавна музичка емисија, но како новинарството во пишан и електронски медиум, верувајте нема. Денес е уредник во Vecer.mk и ПР на познати македонски музички имиња. Што вели Александра Тимковска во новогодишното интервју на музичкиот портал Музика24, прочитајте во продолжение.

Музика24: Што е она по што ќе ја паметите 2020-та година, годината која што за само неколку часа ќе биде наше минато?

Александра Тимковска: 2020 година, за жал, можеби сите повеќе ќе ја паметиме како една исклучително тешка и лоша година, година во која се соочивме со невидлив непријател кој беше причина за многу солзи, помалку убави моменти и тага… Навистина, малку и ретко се смеевме… Но нели во сè треба да се обидеме да најдеме и нешто добро, па така не само јас, туку и сите ние ќе ја паметиме, веројатно, и како година во која направивме повеќе корисни работи за себе, семејствата, луѓето кои ни значат. Поминавме повеќе време со нив, научивме дека во итањето забораваме на ситниците кои нè прават среќни и дека здравјето и грижата за него секогаш треба да ни биде на прво место. Годинава, можеби сите вистински ја разбравме онаа изрека – “само здравје, другото ќе си дојде”!

Музика24: Дали има нешто што посебно Ви се случи во текот на 2020-та година и Ви остави посебен впечаток?

Александра Тимковска: Мислам дека нема ништо попосебно од тоа дека на денот на мојот роденденот беше прогласен првиот карантин, па наместо во моето омилено кафуле, како што ми беше планирано, „славев“ онлајн ха, ха, ха… Шегата на страна, годинава се трудев колку можам да останам позитивна, да се фокусирам на работата, да завршам еден куп работи на кои сакав да им се посветам и порано, но ете поради недостатокот на време некако ги тргав настрана… Се трудев да бидам само со оние кои ми значат, кои ги сакам и ме сакаат и кои ме полнат со позитивна енергија и бегав од енергетски вампири. И да, уште еднаш ми се потврди тезата дека животот, времето и енергијата никогаш не треба да се трошат на луѓе кои те бараат само кога им требаш за таквите и во иднина „претплатникот останува недостапен“ ха, ха, ха…

Музика24: Која е според Вас најслушаната песна за 2020-та година?

Александра Тимковска: 2020-та музичарите, но и ние од другата страна ќе ја паметиме како исклучително неповолна и можеби не толку непродуктивна година колку неинспиративна. Малку продукција, малку опции, малку музика… Искрено и од она малку што се појави во етерот, тешко дека нешто, се вели, ми „влезе во уво“. Лично, кога не слушав онлајн прес-конференции, повеќе слушав стари песни, омилени хитови, го „тресев“ Јутјуб како никогаш досега и искрено најмногу уживав во лајв сетовите на единствениот музички бар кај нас „Интермецо“ – оние кои ги следат можат да потврдат, дечките правеа сè за карантинските вечери и денови да ни бидат барем поведри.

Музика24: Што би си посакале себе си, на своите блиски и најсакани и секако на читателите на единствениот македонски музички портал Музика24?

Александра Тимковска: Чувајте се, чувајте ги тие што ги сакате и уживајте во секој миг, затоа што она што може да ти го донесе моментот не може ни целиот живот. Во следните 365 дена нека има повеќе насмевки, помалку грижи… И, секако, за вас Музика24 повеќе кликови и читатели. Среќни празници и побрзо да се видиме без маски!

Подготви: Редакција Музика24

Повеќе на Музика24...

www.revanger.com www.erguvanhaber.com www.erzurumozelders.com www.tekirdagtabldot.com www.gebzesaadet.com www.balikesiryenihaber.com www.ucanbalonmugla.com www.aymaras.com www.buyukorduhaber.com www.ambushm.com www.trabzonpostasi.com www.yalovaradyotv.com www.internetedirne.com www.duzcepark.com www.butuncanakkale.com www.ssgolfhotel.com www.ispartaradyonet.com www.tokathaberi.com www.tokathabersitesi.com www.escortlarrize.net www.sivashbr.net www.sivashaberci.com www.manisaotolastik.com www.yeniyasamgorukle.com www.alanyamado.com www.manavgatx.com