Боби Павловски: Божикните празници најмногу ги сакам (Фото+Видео)

Музика24: Наближуваат Божиќните празници, како се чувствуваш секогаш кога доаѓа овој период од годината? Дали се радуваш на целата празнична атмосфера и еуфорија или пак едноставно сето тоа за тебе се само обични денови кога малку повеќе се одмора, јаде и пие?

Боби Павловски: Новогодишната и божиќната еуфорија ја обожавам, некако ми е се романтично, снег, јамболија пред камин, вино, црвени чорапи со Дедо Мраз…

Музика24: Дали и после толку години веруваш во легендата и приказната дека постои Дедо Мраз?

Боби Павловска: Секако дека верувам, со него се слушнав пред некој ден и му нарачав што да им донесе на децата мои, треба да ми прејави само дали имаат на лагер кај него у фирма.

Музика24: Сите ние малку или повеќе на некој чуден начин веруваме дека Дедо Мраз ќе ни донесе некаков подарок, односно, она што сме си го посакале. Дали можеби како дете, а зошто да не и денес, оставаш празни новогодишни чорапчиња и го чекаш подарокот од најпосакуваната личност во овој период од годината, дедото со бела брада?

Боби Павловски: Да бидам искрен не сум оставал никогаш празни чорапчиња, ама секогаш под елката два-три дена пред Нова година стигале многу новогодишни пакетчиња полни со подароци. И за најмногу три дена пепел сум ги правел хахаха (се смее).

Музика24: Како вообичаено се подготвуваш за дочекот на Новата година?

Боби Павловски: Поради мојата работа каква што е, се спремам психофизички за дочекот на Нова година и за деновите пред неа, многу спијам, одмарам, а моите блиски прават специјалитети, ми купуваат подароци.

Музика24: За дочекот на Новата година секогаш и пред се ти е битно добро друштво, забава, добра музика… или пак онака домаќински во опуштена адмосфера со малку повеќе храна, пиење, смеа и потоа секако некој добар филм?

Боби Павловски: Па еве веќе 20-та година како пеам за Нова година, така да појма немам ништо од прашањево што ми го постави. Инаку кога не би пеел би си отишол на плоштад саат-два, после тоа дома некое мезе вечера, тв некоја музичка програма и така лабаво.

Музика24: Како и на кој начин ги изненадуваш твоите сакани за Новогодишните празници? Кој е подарокот кој што вообичаено сакаш да го подариш, и што е она што очекуваш и најмногу би те изнанадило како подарок?

Боби Павловски: Знам многу пати да изненадам со подароци, обично тоа се новогодишни подароци, украсни, исто и така сакам и мене да ми подаруваат.

Музика24: Што всушност за тебе претставува сета таа празнична новогодишна еуфорија? Дочекот на Новата година и сите оние мали и поголеми случувања поврзани со овие празници?

Боби Павловски: Јас го обожавам овој период од годината, веќе реков, романтично ми е, а плус божиќните празници најмногу ги сакам.

Музика24: Кој е според тебе настанот од областа на музиката кој што ќе ја одбележи 2019-та?

Боби Павловски: 2019-та ќе ја памтам по мојата песна “Тамо негде” што ја издадов, и што е омилена на мојата публика.

Музика24: Веќе сме на прагот на една нова, се надеваме и веруваме поуспешна и поубава година за сите нас. Кои се твоите планови, замисли за твојата музичка кариера и што е она што би сакал да ти се случи на професионално и приватно поле во Новата 2020-та година?

Боби Павловски: Веќе ги спремам новите три (3) песни заедно со спотови што ке ги издадам во новата 2020-та година. Тоа е планот за следната година, а за понатака здрави живи.

Музика24: И како за крај на ова наше новогодишно интервју, што од срце би им посакал на твоите фанови, подржувачи, како и читатели на музичкиот портал Музика24?

Боби Павловски: На сите им посакувам да се грижат за себе, за своето здравје, да се чуваат затоа што живееме во чудно време, и да бидат добри и весели како и до сега на моите настапи.

Интервјуто го подготви: Иван Јосимовски

Повеќе на Музика24...