Интервју на Музика24: Амира Медуњанин (Фото)

Водечкиот македонски музички портал – Музика24 имаше ексклузивна можност на неколку часа пред концертот во античкиот театар на Хераклеа да разговара со познатата босанска пејачка на севдалинки Амира Медуњанин. Британски “Guardian” ја нарече балканската Били Холидеј, познатиот “Observer” ја прогласи за гласот на генерацијата, а еден од најпознатите музички критичари Најџел Вилијамс ја именуваше како “најдобар извозен производ на Бих”.

Во продолжение прочитајте за животот на Амира пред почетокот на музичката кариера, нејзината омилена песна, но и зошто последниот албум им го посвети на легендарните Тома Здравковиќ и Силвана Армунелиќ?!

Музика24: На својот репертоар редовно имате македонски песни. Имате ли можеби омилена македонска песна? Што подготвивте за публиката во Битола и Охрид?

Амира Медуњанин: Што се однесува до репертоарот за концертот тоа секогаш го знаеме дури половина час пред концертот. А омилена не само македонска, туку воопшто ми е “Зајди, зајди”. Затоа што тоа е приказна за минливоста, животот и како треба да ја искористиме секоја минута. Ова со сигурност е најтажна песна на светот која ја знам. Има толку многу скриени пораки.

Музика24: Неодмна го објавивте Ваш нов албум кој е посветен на Тома Здравковиќ и Силвана Арменулиќ кои ако може така да се каже беа “кафански пејачи имиња”. Кажете ни нешто повеќе за содржината и зошто овој албум им го посветивте токму нив?

Амира Медуњанин: Такви кафеани сега нема. Тома и Силвана беа икони на своето доба, но беа и пред своето време. Тие не припаѓаа на ниту еден одреден жанр и имаа свој музички израз. Тома беше неверојатен автор и како што велат човекот со најтажните очи на светот. Тој напиша прекрасни песни со кои јас растев. За жал немав можност да ги видам Тома и Силвана во живо. Силвана за жал го напушти овој свет 1976 година, а јас сум родена 1972 година. За кафеана тогаш бев многу мала за родителите да ме носат. Јас сакав да направам еден омаж за нив кои навистина беа посебни во музичкиот свет во тоа време. Тој албум мораше да се случи. Искрено ми беше страв да пристапам на ваков предизвик незнаејќи како ќе реагираат луѓето. Но јас морав да го направам албумот и да дадам некој свој придонес за зачувување на тие песни. Моја цел е новите генерации кои не ги слушнале тие песни да ги слушнат оргиналните снимки, ние само се обидовме да направиме наша верзија.

Музика24: Колку обрнувате внимание на т.н. хејт коментари? Последен пример беа реакциите на социјалните мрежи на Вашите црно-бели обувки од видеото во Хераклеа.

Амира Медуњанин: Не ме засегаат. Што се однесува до црно-белите обувки јас ги носам против уроци (се смее). Јас сакам да не сум дел од масата, се што облекувам сакам да биде различно од другите. Ја сакам црната и белата и кај мене нема средина. Тоа го одредува и карактерот, или си добар или си лош.

Музика24: Студиравте економија и немате формално музичко образование. Претходно изјавивте дека не свирите ниту еден инструмент и не знаете да читате ноти. Би рекол дека сте вистински пример дека стручна музичка подлога не е неопходна за успех?!

Амира Медуњанин: Да, но успехот е релативна работа. Јас не се занимавам со музика заради успех туку поради сосема различни побуди. Да сакав успех и кариера ќе останев да работам во Европската комисија, во Брисел или на друго место. Во музиката сум бидејќи имам талент кој не го барав туку го добив од универзумот. Морав нешто да направам со него. Но беше важно да се одреди дали ќе правам кариера на пејачка или ќе оставам дела по кои јас и мојата екипа ќе останеме запаметени. Јас го живеам својот сон и многу сум среќна што го најдов својот пат. Што денес е навистина ретко.

Музика24: Работовте службеник во канцеларија, а сега веќе повеќе од деценија сте занимавте со музика, а со тоа како што велат уметниците имате “живот во куфери”. Што Вас лично повеќе Ви одговара: рутинска канцелариска работа или овој активен живот исполнет со патувања но и неизвесност?

Амира Медуњанин: Па очигледно ова второто. Јас буквално оживеаав кога излегов од канцеларијата.

Музика 24: Пандемијата сите не изненади и забави. Какви се Вашите професионални планови? Дали после Охрид имате закажни настапи или се е одложено?

Амира Медуњанин: Не е се откажано, се што е на отворена сцена останува. По враќањето во Сараево, во август ќе имам концерти во Пула, Сплит и Сисак. Во септември имам отворен концерт со симофонискиот оркестар на Хрватската радио и телевизија (ХРТ). После мала пауза одам на еден месец во Холандија. Таму концертната сезона почна нормално и во затворени простории, но со сите безбедносни мерки. Многу концерти се откажни, но секаде каде што има услови ги работиме концертите. На почетокот избегнував не поради тоа што мене ми е страв тука поради моето семејство и родителите.

Интервјуто го подготви: Филип Етмишовски

Повеќе на Музика24...

www.revanger.com www.erguvanhaber.com www.erzurumozelders.com www.tekirdagtabldot.com www.gebzesaadet.com www.balikesiryenihaber.com www.ucanbalonmugla.com www.aymaras.com www.buyukorduhaber.com www.ambushm.com www.trabzonpostasi.com www.yalovaradyotv.com www.internetedirne.com www.duzcepark.com www.butuncanakkale.com www.ssgolfhotel.com www.ispartaradyonet.com www.tokathaberi.com www.tokathabersitesi.com www.escortlarrize.net www.sivashbr.net www.sivashaberci.com www.manisaotolastik.com www.yeniyasamgorukle.com www.alanyamado.com www.manavgatx.com